Пејачот Петар Грашо првпат јавно проговори за врската со Хана Хуљиќ, признавајќи дека се заедно и дека се задоволни.
– Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добро и ние сме среќни – рекол Грашо и признал дека бил изненаден од некои медиумски наслови за неговата врска со Хана.
– Некако научив дека, бидејќи многу го кријам приватниот живот, вниманието на јавноста е поголемо. Но, морам да бидам искрен дека бев малку изненаден од креативноста на одредени медиуми во смислувањето различни и разновидни форми на ништо, всушност. Ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат мирни но и задоволни – заклучи пејачот.
Хана и Петар досега не се огласиле за медиумите во врска со нивната љубов, но во меѓувреме се огласија нивните родители. Така, хитмејкерот Тончи Хуљиќ (60) претходно и дал „благослов“ на врската меѓу неговата ќерка и долгогодишниот пријател.
– Го разбирам интересот на медиумите за прашањето на Хана и Петар, но никогаш јавно не сум зборувал за прашањето на приватниот живот и врските, како на моето семејство, така и на изведувачите со кои работам. Посебно што Петар и Хана имаат слични ставови кон медиумското претставување на нивниот живот, а Петар е и голем семеен пријател. Ако се среќни, а колку што гледам се среќни, тогаш јас и Вјекослава сме среќни – изјави Хуљиќ.