Иако нивната венчавка првично ја планираа за пролетва, Петар Грашо и неговата избраничка Хана Хуљиќ неа нема да ја дочекаат туку судбоносното „да“ ќе го кажат многу порано од планираното.
Пејачот и неговата 14 години помлада девојка ќе се венчаат на 19 февруари во Сплит, пишува хрватски „Индекс“. Според нивните извори свечената свадбена церемонија ќе се одржи во црквата Свети Франциско во Сплит, а на неа ќе присуствуваат само најблиските членови на семејството и пријателите. На списокот на гости, пак, ќе се најдат и некои од познатите имиња од балканската сцена.
Неодамна во јавноста излезе информација дека Хана и Петар наскоро ќе станат родители.
Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да ни останат приватност, изјави Хана во таа прилика.