Петар Грашо откри детали од венчавката со Хана : „Никогаш не сум барал таа да го носи моето презиме“

|

Петар Грашо и Хана Хулиќ неодамна се венчаа, а сега Грашо конечно реши да открие како се чувствувал за време на тој медиумиски хаос кој настана поради нивната врска.

„Ако постојат двајца луѓе кои сакаат помалку да бидат експонирани надвор од нивната работа, тогаш тоа сме Хана и јас. Морам да кажам, медиумите само си ја вршеа својата работата, не сум дипломат, не се додворувам. Разговарав со новинари и пријатели и им велев „Луѓе што повеќе?“ и ми кажаа дека нашите вести имаат најмногу кликови“, рече тој за време на гостувањето на „RTL Direkt“.

„Ние бевме само двајца луѓе кои сакаа да се венчаат во кругот на пријатели. Направивме мала грешка. Колку повеќе се затворавме, толку повеќе бевме опкружени. Тоа е животот… Ми беше важно тонот да е поважен од сликата. Кога требаше да дојдеме во црквата, бевме принудени да дојдеме со автомобил, што и мене ми изгледаше чудно. Замислував дека оваа убава работа ќе ја направиме фатени за рака, одејќи низ градот…“, откри Петар.

„Но, видов толку многу новинари, блицови, телевизиски екипи и луѓе што во еден момент навистина помислив дека тоа е некаква скриена камера, дека сега сите ќе речат: „Еј, не сте толку важни, ние само се шегувавме“. Изгледа дека навистина бевме важни тој месец. Луѓето кликаат, и додека луѓето кликаат Грашо и Хана ќе бидат во медиумите“, додаде тој.

„Хана се презива Хана Хуљиќ Грашо бидејќи никогаш не сум им роб увал на мачо варијантите дека жената треба да го носи само машкото презиме. Живееме опуштен и изненадувачко лежерен живот. Луѓето веројатно не можат да го сфатат тоа од медиумите. Лежерен во приватната сфера, а околу мене секогаш авиони, сали, концерти и затоа можам да бидам со пријателите, а да нема блицови“, вели Грашо.