На одговор на прашање на пратеникот Ковачки, поврзано со спроведувањето на конкурсот за прием на професионални вој ници, министерката Петровска потенцираше дека oгласот ќе продолжи да се спроведува согласно професионалните стандарди, процедури и правила.
„Било какви влијанија од политички партии, без оглед дали е тоа политичката партија од којашто јас доаѓам или од друга партија – нема да имаат никакви влијанија.
Ќе ве замолам од оваа говорница, особено вас, бидејќи одлучивте да седите тука, а не во Армијата, да престанете да вршите притисок и да ги уценувате колегите кои останаа во армијата, за да бидат, наводно, ваши приврзаници.
Јас се залагам за професионална администрација, така ќе остане, но ќе ве замолам да го правите тоа и вие. Ќе ве замолам да престанете со политичките и партиските притисоци.
Не успеавте и не најдовте сила да им честитате на вашите доскорешни колеги за успешните НАТО оценувања на сите бор бени единици во Армијата.
Тоа повеќе зборува за вас и за тоа дали имате слух за тоа што се случува во Армијата – тоа е мојата молба. Ве уверувам дека огласот ќе се спроведе професионално“, му одговори министерката Петровска на пратеник Ковачки.