Петровска со силна осуда за инцидентот во Косово и поддршка за КФОР

|

Не стивнуваат реакциите од убиството кое што се случи денес наутро во Северот на Косово. Министерката за одбрана Петровска се огласи на својот фејсбук профил и го осуди инцидентот како и сите учесници во истиот.

“Силна осуда за инцидентот и за сите оние кои допринеле за тој да се случи. Од современите политички лидери се очекува да донесат мир и просперитет, а не поделби и конфликти. Целосна поддршка за КФОР и сите нивни идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот“, напиша Петровска на својот профил на фејсбук.