ПЕТРОВСКА: Во Делфи добив на подарок ловорово гранче што го посветувам на храброста и отпорот на украинскиот народ

ИЗВОРНов Лист
|

Мирот е обединувачката идеја и е наша заедничка одговорност, како партнерски земји, како носители на одлуки, но и како обични луѓе, објави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– За време на Делфи форумот, добив на подарок ловорово гранче што го посветувам на украинскиот народ што во моментов се бори за слобода и мир во цела Европа. Прекрасен гест, исклучително симболичен #StandWithUkraine, објави Петровска на нејзиниот профил на Фејсбук.

Како што веќе објавивме, министерката Петровска беше член на голема делегација од Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кои два дена дебатираа во Грција и решаваа светски економски и безбедносни прашања.