Петти пакет мерки: Отпис на долгови за камати најави Битиќи

ИЗВОРНов Лист
|

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во емисијата 24 анализа зборуваше за петтиот пакет мерки, односно што поточно ќе опфати овој нов пакет, кој е предвиден да им помогне на најзасегнатите од кризата која ја предизвика новата болест.

Битиќи истакна дека со петтиот пакет не се предвидуваат платежни картички. Вели дека петтиот пакет на антикризни мерки ќе стане оперативен во текот на овој месец, но откако претходно ќе го помине собранискиот филтер.

Како дел од новиот пакет ќе бидат речиси сите сектори и дејности. Ќе бидат опфатени транспортот, медиуми, извозни компании, големи и мали фирми. Но, Битиќи вели дека со петтиот пакет не се планираат средства кои ќе завршат како еднократна помош за граѓаните. Целта според него со петтиот пакет на мерки кои би се движел околу педесетина милиони евра, е да се зачуваат што поголем број на работни места.

Битиќи најавува дека ќе се врши отпис на камати за долгови кон јавни и комунални претпријатија на локално и на централно ниво постари од три месеци без ограничување колку години е застарен долгот по основ на камати.