ПИЦА СО ПЕСТО И 3 ВИДА СИРЕЊЕ – Јадење на кое никој не може да одолее

|

Сите сакаме пица, а ако сте љубител на сирење, тогаш оваа со три вида е идеална за вас! Можете да ја подготвите уште денес за ручек, со гаранција сите ќе ја обожаваат!

Состојки: база односно тесто за пица, 200 гр замрзнат спанаќ, лажица путер, чешне лук, две лажици кисела павлака, 100 гр пармезан, 60 гр рендана моцарела, две лажици раскршена фета и две лажици песто.

Подготовка: На растопен путер пропржете ги ситно сечканиот спанаќ и лукот.

Додадете павлака, пармезан и сол, намалете ја температурата и динстајте околу пет минути.

Смесата од спанаќ распоредете ја врз основата за пица, па посипете со моцарела и фета сирење.

Сипете го пестото и печете во загреана рерна на 175 степени околу 15 минути. Послужете топло.