Пилот открил долго чувана тајна: Еве зошто во текот на руските воени паради не врне дожд! Исклучок била една година, кога и тие биле немоќни

ИЗВОРСкопје24
|

Во Москва во четвртокот била одржана воена парада по повод Денот на победата над фашизмот. На Црвениот плоштад учествувале повеќе од 13.000 војници и 132 технички единици.

Сепак, поради лоши временски услови, авијацијата не го надлетувала Црвениот плоштад.

Силен дожд сепак немало, но тоа повторно ги започнало приказните за контролирање на времето.

Имено, еден руски пилот уште во 2010-та година објаснил дека постојат два различни методи со чија помош може да се “истера” дождот. Во главно се работи за таканаречено “запрашување” на облаците. Александар Акименков, управувајќи со авион тоа го правел со години.

“Или постои специјална машина која исфрла сребрен јодид, сув мраз или цемент во облаците или се отвора отвор и рачно се сее во облаците. Кога материјата ќе дојде до облаците, се појавува дупка. Станува се поголема и поголема и или почнува да врне веднаш или едноставно облаците се растураат”, објаснил Акименков.

Руската влада овој метод го користи уште од советските времиња, па така ги запрашува облаците за сите важни настани, дури и три пати годишно – за Денот на победата, Денот на градот и Денот на Русија.

Освен тоа, постојат и приватни компании кои за 6.000 долари по час можат да ви обезбедат сончево време на денот на вашата свадба, концерт или некои слични манифестации.

Експертите велат дека овие техники не претставуваат голема закана по природата или здравјето на луѓето, бидејќи периодот на активно влијание на облаците е многу краток.

Иако не видовме дожд на парадата ни оваа ни минатата година, исклучок била 2017-та година, кога ни “семоќните” Руси не успеале да ги спречат врнежите.

Таа година дури девет воени авиони “Антонов” имале задача да ги растераат облаците. Меѓутоа, врнежите во градот во текот на првата половина на мај биле толку силни, што планот на руските власти не успеал. Температурата на денот на парадата во Москва била само 3 степени, додека една година претходно била 25 степени Целзиусови.

По два дена лошо време, програмата која требало да се одржи во воздухот била откажана.