Пино го нема веќе 20 дена – Мајката бара помош од сите граѓани

ИЗВОРСкопје24
|

На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 20 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навачер.

Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода“ со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.

Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.

Мајка му на Фејсбук пишува дека нејзиното дете го нема 19 дена и обвинува, а од него, неговиот автомобил ниту мобилните телефони нема ни трага ни глас. Вели да беше игла на некој министер до сега ќе го најдеа.