Шведската актерка Ингер Нилсон имала само осум години кога се прослави по улогата на Пипи Долгиот Чорап.
Денес има 60 години, а од 2007-ма година глуми во германската форензичка серија „Der Kommissar und das Meer“.
Но, сепак најдобро останала запаметена по улогата на Пипи, на која се присетила во неодамнешно интервју за холандскиот „Algemeen Dagblad“. Признала дека снимањата не ѝ биле многу забавни.
„Филмскиот сет е прилично здодевно место за деца. Морате долго да чекате помеѓу сцените. Исто така, бидејќи не бев од Стокхолм, морав да живеам во изнајмен стан со дадилка. Никогаш порано не сум се одвојувала од родителите и секој ден ѝ се јавував на мајка ми и плачев бидејќи сакав дома“, се потсетува Ингер.
Освен тоа, се плашела од коњот со кој морала да глуми, а ниту пријателот-мајмун на Пипи, не ѝ прираснал за срце.
„Гризеше… Воопшто не беше мирен. Жал ми е ако ве разочарав, но тоа воопшто не беше онака како што изгледа“, вели таа.
Иако стекнала светска слава глумејќи ја Пипи, таа тврди дека поради тоа добила многу улоги подоцна.