Пирс Броснан го прослави Денот на татковците со неговите синови: „Мојата љубов кон вас е вечна!“

ИЗВОРНов Лист
|

Денот на таткото актерот го помина во најдобро друштво, со своите три сина, а фотографијата ја објави на социјалните мрежи. Семејството доби многу честитки и пофалби, а го пофалија и изгледот на Пирс.

Поранешниот Џејмс Бонд и заводникот од „Mamma Mia!“, актерот Пирс Броснан (69) го прослави Денот на татковците во друштво на неговите три сина, со Дилан (25), Шон (38) и Кристофер (49).

– Мојата љубов кон вас е вечна. Ви благодарам за вашата љубов – напиша Пирс во описот на фотографијата, гордо позирајќи, со насмевка на лицето, со своите синови.

Многумина во коментари им го честитаа Денот на татковците, а актерот доби и пофалби за својот изглед.

– Изгледаш одлично како и секогаш. Ти си најдобриот Бонд досега!; Прекрасно семејство – се само дел од коментарите.