|
Таа е дама којашто инспирацијата ја црпи од сопстениот живот и секојдневие и на тој начин ги создава своите романи.
Бор беноста и е заштитен знак, искреноста е таа којашто ја води низ животот, а нејзините испишани зборови со сигурност ќе врежат меморијата на оние со нагласен сензибилитет.
Писателката Ксенија Николова го збогати новото издание на естрадниот магазин Бекстејџ, зборувајќи за една од најважните но и начувствителните животни теми, а тоа е мајчинството.
Ксенија во Бекстејџ отворено проговори за тешкиот период низ којшто моментално минува, а со разговорот веруваме дека ќе ги охрабриме сите оние коишто се бор ат да станат родители.