Пита со јаболка- Меко тесто, сочен фил и вкусен прелив

ИЗВОРНов Лист
|

Доколку ви се јаде десерт со јаболка, но сакате да пробате нешто ново, наместо традиционалните рецепти, тогаш ви предлагаме уште денес да ја приготвите оваа уникатна пита!

Состојки: 600 гр брашно, 200 гр топла вода, 11 гр сув квасец, 3 јајца, 72 гр шеќер, 40 гр сончогледово масло и прстофат сол. За филот: 1 шолја шеќер и 4 јаболка. За преливот: 1 кафена лажица шеќер и 40 гр кисела павлака.

Начин на подготовка: Во водата, додадете ги шеќерот, солта, јајцата, маслото и квасецот. Добро измешајте ги состојките. Потоа, постепено и без да го прекинувате мешањето, додадете го брашното во 2 дела. Замесете меко тесто, при што откако ќе добиете пријатна и нелеплива текстура, готовото тесто завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои 30 минути.

Излупете ги измиените јаболка, исчистете ги од семките и исечете ги на тенки парчиња. Нанесете малку масло за готвење врз работната површина, поставете го тестото и направете тенок слој од истото, во форма на правоаголник (1-2мм). Одозгора нанесете шеќер (1 шолја).

Наредете ги исечените јаболка врз тестото во 3 реда.

Завитакјте го тестото во форма на ролат и исечете го на парчиња. (Приближно 10 цм дебелина).

Премачкајте го садот за печење со масло за готвење, Потребно е садот да биде во кружна форма со дупка на средината. Внатре во истиот наредете ги парчињата тесто.

Скршете го преостанатото јајце и откако ќе го изматите, со истото премачкајте ја питата одозгора со соодветна четка за готвење. Печете 40 минути во претходно загреана рерна на 180°C. Измешајте ја киселата павлака со шеќерот, до добивање една соединета смеса. Извадете го десертот, свртете го и премачкајте го со претходно добиениот крем.