Пластичните кеси што се едни од најголемите загадувачи на животната средина поради нивниот долг период на разградување, ќе поскапат. Ако сега на пазар или во поедини маркети продавачите и трговците ги даваат бесплатно или ги наплатуваат по 1 или 2 денари по парче, со стапувањето на сила на новото законско решение за управување со отпадот кое во нацрт верзија и е достапно на увид на јавноста, платичната кеса ќе кошта 10 денари.
– ПОСКАПУВАЊЕТО НА ПЛАСТИЧНИТЕ КЕСИ НА 10 ДЕНАРИ Е ПРЕДВИДЕНО СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ И ИМА ЗА ЦЕЛ ДА СЕ ДЕСТИМУЛИРА НИВНОТО КОРИСТЕЊЕ – ВЕЛИ АНТОНИО ЈОВАНОВСКИ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА ГОУ ГРИН.
Моментално, во нашата земја семејствата плаќаат по м2. Од Гоу Грин велат дека тоа е нефер бидејќи, на пример, стара жена која живее во 100 квадрати плаќа многу повеќе од четиричлено семејство кое живее во 60 квадрати.
– Фер систем е да плаќаш колку создаваш. Тогаш ќе се размислиме дали ќе фрламе по 10 ќеси ѓубре или една. Со наплата по килограм или волумен (м3) ќе се поттикне селектирање и реупотреба кај граѓаните, а воедно и преиспитување на потрошувачката – сметаат од Гоу Грин.
Европскиот парламент донесе одлука со која од 2021 година се забранува употребата на пластични производи за еднократна употреба.
Тој предлага да се стимулира собирањето на пластика по системот на кауција – донеси шише, земи паричка, што ќе ги натера граѓаните да селектираат отпад. Системот на кауција би ги мотивирало граѓаните да го селектираат својот отпад.
Истражување кое Гоу Грин го направи покажува дека 75% од граѓаните би го селектирале својот отпад доколку имаат некоја корист од тоа, а воедно е докажано е дека системот на враќање пари за донесена амбалажа (пластика, стакло, лименки) од страна на граѓаните ги има зголемено стапките на рециклирање за повеќе од 90% во некои земји.
Новиот закон за управување со отпадот ќе се овозможи воспоставување на функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта.
Воспоставувањето на регионално управување со отпад ќе овозможи подобра контрола врз животната средина од активностите во областа на управувањето со отпадот.
– На европско ниво, уделот на отпадот во климатските промени учествува со 3%, додека во Македонија е 7% – нагласува Јовановски.
Извор: vecer.press