Пластичните столици ќе бидат како нови и нема да пукаат- Ви треба само една намирница

ИЗВОРНов Лист
|

За време на летниот период сите сакаме да седиме во двор или на тераса, а најчесто повеќето од нас имаат пластични столици. Сепак кога ќе дојде постудениот дел од годината не знаете како да ги исчистите и складирате за следната година да можете повторно да ги користите. Иако често се мијат со вода, за убаво да ги тргнете сите бактерии од нив, ви треба само една евтина состојка која веројатно секој ја има во домот.

Се работи за сода бикарбона. Имено, потребно е да земете сунѓер, да го намокрите и да ставите сода бикарбона, па да ги поминете столиците со него, а потоа да оставите да делува 15 минути. Измијте ги потоа столиците со вода, и на тој начин ќе ги исчистите бактериите и тие ќе блеснат.

Ќе биде како нова: Исчистете ја рерната со домашно средство

Исчистете ја рерната со помош на само 3 состојки!Потребни ви се: сода бикарбона, вода и оцет. Измешајте ги овие три состојки, добро соединете ја смесата. Добиената смеса треба да има структура на паста. Пастата убаво размачкајте ја со сунѓер по целата рерна, добро истријте ја пастата во секој дел од вашата ререна. Остатокот од смесата ставете го во огноотпорна чинија и ставете ја во шпорет.

Рерната вклучете ја на 120 степени и нека работи околу 30 минути. Потоа, кога рерната ќе се излади, земете сунѓер и крпа и со лесни движења исчистете ја рерната. Резултатот ќе ве воодушеви!

Дополнителен трик кој многу ќе ви помогне – Што правите кога никако не можете да се сетите каде сте го оставиле клучот, паричникот или некоја важна ситница? Или кога не може да се сетите дали сте ја заклучиле вратата или дали сте го исклучиле шпоретот.

Ако сте склони на тоа да се грижите за вакви работи, постои едноствен трик. На пример за шпоретот, околу копчето за вклучување и исклучување на ринглите врзете гумичка за коса. Кога ќе го исклучите шпоретот земете ја гумичката и ставете ја во џеб, па секогаш кога ќе се запрашате дали е навистина исклучен, гумичката во џебот ќе ве увери.