ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 709/2021
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Дирекција за заштита и спасување за следните работни места 1. УПР0101В01000 Советник за информатичка и телекомуникациска поддршка на системите и нивно одржување, Одделение за информатичка технологија, Сектор за материјално техничко опремување и градежно техничко одржување на објекти(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Компјутерска техника и Информатика, Информатика или Телекомуникациско инжинерство – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:30 до 15:30 – Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот Паричен нето износ на плата: 26.255,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Македонец(ка) 1.
Целиот оглас е на ЛИНКОТ