TитанФарм-Скопје, отвара оглас за пополнување на слободни работни места за: СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ (МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК)
Компанијата нуди: Редовна месечна плата во висина од 30.000 до 100.000 денари; автомобил; телефон; компјутер; едукација и доедукација.
Потребни квалификации:Висока стручна спрема, активно користење на англиски јазик, активно користење на компјутер, добри менаџерски вештини, одлични, интерперсонални и насочувачки вештини, аналитичност, креативност, доверливост, комуникациски вештини, возачка дозвола (Б-категорија). Предност ќе имаат кандидати кои имаат медицинско образование (фармацевти, лекари, стоматолози), со претходно работно искуство (посебно доколку искуството е на позиција како бараната по огласов), и е активен возач!
Работно време е од 08:30 до 16:30 часот, неделно работно време 40 часа. Регион за делување е Република Македонија.
ЌЕ БИДАТ ЗЕМЕНИ ВО ПРЕДВИД САМО КАНДИДАТИТЕ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ДАДЕНИ ПОГОРЕ!
Заинтересираните кандидати Пријавите за вработување може да ги достават преку полето Аплицирај или со пополнување на Формулар на веб страната: http://www.titan.com.mk/vrabotuvanje/
Подетални информации на телефон 02/60-90-600 лок.101 или директно кај Глигор Костуранов на 070/347-518. Кандидатите ќе бидат известени за местото и времето на одржување на интервју.