Плата до 2.000 евра: Како до сезонска работа во Хрватска

ИЗВОРСкопје24
|

Во текот на изминатите десет години, Хрватска ја замени Црна Гора по популарност во однос на можностите за сезонска работа. Оваа земја бара неколку десетици илјади работници, воглавно за работни места на хрватското крајбрежје, а со оглед на фактот дека се повеќе Хрвати работат во Западна Европа, тоа им ги отвори вратите на нашите работници кои бараат добро платена работа во странство.

Токму затоа денес е многу лесно да најдете сезонска работа во Хрватска, но имајте предвид дека платите се разликуваат. Така на пример, за собарка во Дубровник, бармен на островот Раб или келнерка во Пореч, некои работодавци нудат нето плата во износ од околу 1.000 евра, и тоа со обезбедено сместување и храна.

Недостасуваат 1.000 готвачи и 7.000 помошни работници Според проценките на хрватската влада, ова се работните места на кои недостигаат најголем број работници:

Готвач – недостигаат 1.000 работници Помошен туристички работник – недостигаат 7.000 работници Келнер – недостигаат 1.400 работници Слаткар – недостигаат 100 работници Инструктор за пливање – недостигаат 20 работници Спасувач – недостигаат 100 работници Што се однесува на другите работни места, недостифаат возачи на камиони (1.700 работници) и возачи на автобуси (300 работници), а недостигаат и околу 1.500 берачи на плодови. Најголема е побарувачката за столари и ѕидарски работници (по 2.900 работници за секој од бараните профили), како и 1.200 армирачи и 300 столари…

Како до работна дозвола? За Македонците кои поседуваат европски пасоши, тоа е многу полесно бидејќи не им е потребна дозвола за работа и престој. Меѓутоа, во последните неколку години вратите се отворени и за оние кои немаат документи од ЕУ.

За да бидете вработените во Хрватска, неопходно е професијата за која аплицирате да се наоѓа на листата на професии за кои се одобруваат годишните квоти за вработување на странски работници.

Ако вашето работно место спаѓа во листата на позиции за кои се утврдени квоти за странски работници, потребна ви е потврда за вработување кај работодавачот, како и потврда за професионална квалификација.

Во 2019 година, Хрватска дозволува обновување на 15.000 дозволи за странски работници, што значи дека оние кои веќе работеле во таа земја ќе можат повторно да аплицираат во рамките на предвидените квоти, меѓутоа има и нови квоти за тие што сакаат да работат во Хрватска, а досега немале шанса да го направат тоа.

Најмногу недостигаат градежници и угостителски работници Квотите за нови вработувања во 2019 година изгледаат вака:

-Градежништво 17.800 дозволи -Туризам и угостителство 10.600 дозволи -Сообраќај 2.300 дозволи -Прехранбена индустрија 1.200 дозволи -Метална индустрија 2.200 дозволи -Економија и трговија 2.200 дозволи -Како се движат платите? -Кога зборуваме за платите, еве како се движат истите за најбараните занимања во Хрватска:

-Шеф на кујна – 1.200 евра нето -Готвач – 800-900 евра нето (но може да оди и до 2.000 евра во подобри ресторани) -Менаџер на кафуле / рестран – 1.000 евра нето -Келнер – 600 евра нето -Пица мајстор – 800 евра нето -Помошен работник во кујна – 550 евра нето -Аниматор – околу 500 евра нето -Возач на товарно возило – околу 1.000 евра нето, но може да стигне и до 2.000 евра -Возач на туристичко возило – 1.000 евра нето

Сите овие плати се без бакшиш, кој на некое работно место може да изнесува колку целата плата. Работните места, исто така, варираат во зависност од обемот на работа – некаде ќе работите 8 часа на ден со еден слободен ден неделно, а на друго место ќе работите по 10 часа неделно и ќе имате два слободни денови.