ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 329/2018 за вработување на 2 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за локална самоуправа – Државен инспекторат за локална самоуправа за следните работни места 1. ИНС0101В02001 Самостоен инспектор за надзор над прописите на општините од вардарскиот, југоисточниот, источниот и североисточниот плански регион, Одделение за инспекциски надзор(1) извршител(и)
Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки, Физика – најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување
Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Дополнителни услови – лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба
Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:30 до 15:30 – Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 23.258,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Македонец(ка) 1.
- УПР0101В03000 Соработник за сметководствени работи и плаќања, Одделение за финансиски прашања(1) извршител(и)
Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки – најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување
Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:30 до 15:30 – Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 22.501,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Македонец(ка) 1.
Целиот оглас може да го видите на ЛИНКОТ