Плата од 26.100 до 32.700 денари: Стопанска комора на Македонија вработува

|

Врз основа на чл.22 и 23 од Законот за работните односи „Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19, 267/20,151/21 и бр.288/21) Стопанската комора на Северна Македонија, објавува ОГЛАС.

Стопанската комора на Северна Македонија има потреба од вработување на 3 (тројца) извршител на определено време (три месеци), со можност за продолжување на работниот однос на следниве работни позиции:

1 (еден) извршител со висока стручна подготовка со Високо образование Електротехнички факултет или Факултет за информациски науки и компјутерско инженерство. Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

Високо образование, Електротехнички факултет или Факултет за информациски науки и компјутерско инженерство; Активно познавање на англиски јазик најмалку на ниво Б1, што се докажува со меѓународно признат сертификат или меѓународно употребувани уверенија, а повисок степен се смета за предност; Координација на веб дизајн, со познавање на HTML5, CSS3, Java; Да врши контрола на целиот процес пред и по започнување со работа; Да врши редовни проверки на работата на апликацијата и стрес-тест на целиот систем; Работно искуство од најмалку 5 години; Развиени комуникациски вештини; Способност за тимска работа. Основната нето плата изнесува 32.700,00 денари со можност за зголемување согласно остварени резултати и работна успешност.

II.2 (двајца) извршители со висока стручна подготовка, од кои:

1.Еден извршител за работно место асистент во Стручната служба на Стопанската комора на Северна Македонија со високо образование Правен факултет.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

Високо образование – Правен факултет; Работно искуство од најмалку 5 години, предност ќе се смета претходно работно искуство во коморско работење; Активно познавање на англиски јазик најмалку на ниво Б1, што се докажува со меѓународно признат сертификат или меѓународно употребувани уверенија, а повисок степен се смета за предност; Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини; Развиени комуникациски вештини; Способност за тимска работа. Основната нето плата изнесува 26.100,00 денари, со можност за зголемување согласно остварени резултати и работна успешност.

2. Еден извршител за работно место асистент во Стручната Служба на Стопанската комора на Северна Македонија со високо образование Економски факултет:

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

Високо образование (дипломиран економист) Работно искуство од најмалку 5 години, предност ќе се смета претходно работно искуство во коморско работење; Активно познавање на англиски јазик најмалку на ниво Б1, што се докажува со меѓународно признат сертификат или меѓународно употребувани уверенија, а повисок степен се смета за предност; Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини; Развиени комуникациски вештини и Способност за тимска работа. Основната нето плата изнесува 26.100,00 денари, со можност за зголемување согласно остварени резултати и работна успешност.

Работното време е 40 часа неделно (понеделник – петок). Работното време е клизно во периодот од 08:00 – 08:30 часот наутро до 16:00 – 16:30 часот попладне.

Кандидатите треба во прилог на апликацијата да достават кратка биографија со контакт податоци, копија од диплома за завршено ВСС соодветно на работната позциија и докази за познавање англиски јазик и за работно искуство, на следната адреса:

Стопанска комора на Северна Македонија Ул.” Димитрие Чуповски” бр.13 – Скопје или наведените документи во скенирана форма на e-mail: ana@mchamber.mk

Контакт: Ана Стерјовска, тел:02/ 3 244 037.

Рокот за пријавување е 10 работни дена сметано од денот на објавувањето на Огласот.

Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување. Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост.

Ве молиме да доставите Ваша согласност, Вашите податоци и доставени документи да се чуваат во базата на податоци на Комората, во период од 1 година доколку се согласувате со ова.Согласноста, кандидатот може да ја повлече во секое време со поднесување на писмено барање.