Платите на функционерите ќе скокнат за плус 400 евра

|

Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Талат Џафери, сите пратеници и сите градоначалници,судии и останати именувани функционери од следната година ќе добијат повисоки плати за 300 до 500 евра велат од Конфедерацијата на синдикални организации, потенцираат дека работникот ќе добива само трошки од целиот колач.

Постои нефер практика кога се во прашање платите на функционерите и работниците од јавниот сектор кој се пак клучната карика во државата, вели економскиот аналитичар, Абил Бауш.

Според Бауш, несразмерниот потег се огледа во тоа што функционерите си пресметуваат повисоки плати според една методологија, додека за работникот според друга методологија која продуцира револт. Од друга страна се заборава дека со ваквите постапки функционерите свесно ќе продуцираат повисока инфлаација.

ССМ поднесе предлог до парламентот за намалување на функционерските плати, но синдикалците велат дека пратениците се уште се на одмор па немаат време да одговорат на предлогот за намалување на нивните плати.