Плажата со црн песок отворена за туристите: После ерупцијата на вулканот природата направи феномен (ФОТО+ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Преубавата плажа на најголемиот хавајски остров стана црна после ерупцијата на вулканот Килауеа во мај минатата година, што доведе до уништување на голем број куќи и загуба од милиони долари.

Сепак, сето тоа уништување донесе и нешто добро, затоа што ерупцијата доведе до тоа да се промени бојата на песокот на плажата во Похоики.

Популарниот парк Похоики беше затворен во изминатите 6 месеци од ерупцијата на вулканот. Но, од 6 јануари плажата одново е отворена.

Засега, сите посетители можат да се одморат и релаксираат на плажата која е единствена поради црниот песок. Првите фотографии од плажата се навистина интересни.