Веќе недела дена Македонија е покриена со снег, а има и најави за уште поголеми врнежи. За возачите ова значи нервози и претпазливост при возење, за службите дополнително комплицирање на работата, а за децата секако радост и многу игри во снегот.
Најмногу снег заврна на планинските места, како Маврово, Крушево, Попова Шапка, но од градовите дефинитивно Битола е рекордерот со најмногу снег. Во еден период таму имаше дури 60 сантиметри снег, па не е ни чудо што граѓаните се обидуваат дури и да „пливаат“ во него.
Можеби децата се санкаа и правеа снешковци од снегот, но овој Битолчанец дефинитивно има поинтересна идеја за тоа како да ужива во временските услови. Видеото сигурно ќе ве насмее и ќе ви го разубави денот. Погледнете: