Плоштадот „Македонија“ вечерва е преполн – поради протоколите на УЕФА само неколкумина од фудбалерите ги поздравија навивачите кои беа на плоштадот

|

Плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва е преполн – илјадници луѓе се собраа да ги пречекаат македонските фудбалери, кои попладнево пристигнаа од Италија по историската победа во Палермо.

Инаку поради протоколите на УЕФА само неколкумина оф фудбалерите ги поздравија навивачите кои беа на плоштадот.

УЕФА не дозволува групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, а пред Македонија е и мечот со Португалија, па во моментов најважно е играчите да се здрави и одморни.