По цели 4 месеци Извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово на експертскиот тим од Германија конечно е во рацете на тетовските обвинители.
Деталите од вештачењето ќе се знаат откако ќе се изврши превод, затоа што е на германски јазик, по што ќе се анализира и ќе се донесе одлука, велат од Основното јавно обвинителство.
„ ИЗВЕШТАЈОТ ОД ГЕРМАНСКИТЕ ИСТРАЖИТЕЛИ ДО ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО – ТЕТОВО ПРИСТИГНА ВО ПЕТОК. ДЕНЕСКА Е ИЗДАДЕНА НАРЕДБА ДА СЕ ПРЕВЕДЕ ОД ГЕРМАНСКИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НА СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧ СО ЛИЦЕНЦА. ОБЕМОТ НА ВЕШТАЧЕЊЕТО Е ОКОЛУ 7 СТРАНИ, ПРИ ШТО Е ПОБАРАНО ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРЕВЕДЕ, ЗАТОА ШТО ИМА ФОРЕНЗИЧКА ТЕРМИНОЛОГИЈА. ПОТОА ТИМОТ ОД 5-МИНА ОБВИНИТЕЛИ ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА“ – СООПШТИЈА ОД ТЕТОВСКОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО.
За потребите на истрагата беа сослушани сведоците на настанот, како и одговорните лица во болницата.
На почетокот на октомври минатата година, пак, беше објавено дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, а беа направени и вештачења на Технолошкиот факултет и од електроинженер.
Данијела Билбилоска