Поради судир на две воздушни маси кој од утре попладне па натаму ќе се судираат над нашата држава, и тоа многу топлата од југ и значително посвежата од север во попладневните и во вечерните часови се очекува дестабилизација на атмосферата.
Ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Поради загреаната атмосфера локално има услови процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
Во среда во поголемиот дел од денот ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и со услови за појава на локално НЕВРЕМЕ со град. До среда ќе се задржи натпросечно топло со релативно слични температури на сегашните, позначителен пад на истите ќе има од четврток кога ќе бидеме под влијание на свежа воздушна маса од север.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во текот на новата недела која што ни претстои, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така овчарите овците да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат.