Долгогодишната агонија на Стаменка Менче Трповска конечно ќе заврши. По апелот за помош од хумани граѓани беа собрани средствата за операција за Стаменка да може да живее нормален живот без болки и ограничување.
-Драги пријателчиња, штотуку добив и официјално потврда од болницата Атлас од Београд и од др. Црнобариќ дека на ден 07.08.2019 година ќе биде и дооолго очекуваната операција. Конечно цела моја долгогодишна агонија ќе заврши!!!
Пред се сакам поединечно на секој од вас да ви се заблагодарам од срце бидејќи без вас сево ова немаше да успее. Се гледаме на славење после операцијата и тоа на штаки 😂 Ве сакам!!!, напиша Стаменка на Фејсбук.
Инаку, нејзиниот колк е во фаза на распаѓање, односно има дијагноза коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена.