По бурниот живот, Наташа Беквалац со ново момче: Познато лице од српската естрада (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

На еден престижен настан, каде повеќе јавни личности присуствуваа на отварањето на сплав, целото внимание на фотографите беше привлечено од Милан Станковиќ и Наташа Беквалац, кои на изненадување за многумина беа многу блиски, но и заедно пристигнале на забавата.

Иако, се знае дека покрај добрата соработка која ја имаат тие се и многу добри пријатели, сепак со држењето за раце и заводливите погледи, ги изненадија сите.

Како што се претпоставува дека најверојатно станува збор за само добра енергија и расположение, никако не може да се занемари фактот дека постои хемија помеѓу нив двајцата, која е повеќе од очигледна.

Наташа на својот Инстаграм профил под фотографиите напиша јасна порака: „Музиката е патот до среќата.“. И Милан ги сподели истите фотографии, под кои во описот стави срце.