Откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија гласини дека Дизни му нуди на Џони Деп 301 милион долари за повторно да ја стави капата на Џек Спароу и да се врати во франшизата „Пиратите од Карибите“, конечно стигна одговорот од тимот на популарниот актер.
– Дизни е многу заинтересиран да го обнови договорот со Џони Деп. Се надеваат дека Џони ќе им прости и дека ќе се согласи повторно да го глуми популарниот пиратски капетан – изјавил неименуван извор за PopTopic и започнал лавина од коментари и очекувања.
Но, иако фановите ширум светот се восхитуваа на оваа идеја, таа веројатно нема да се реализира, барем не наскоро, судејќи според претставниците на Џони Деп кои категорично ги негираа гласините.
„Ова е измислено“, изјави ПР на актерот за NBC News.
Покрај тоа, Џери Брукхајмер, продуцентот на „Пиратите од Карибите“, неодамна зборуваше за можното враќање на Деп.
– Не, тој не се враќа во франшизата во моментов. Ќе видиме што носи иднината – рече тој.
Да потсетиме, Џони Деп ја загуби главната улога во идните остварувања на „Пиратите“.