По изјавите на Орце проговори Ирена Спасовска: Доста ми е од “светци и светици” што коментираат за мене по портали, а живеат во формални бракови

|

Деновиве повторно во центарот на вниманието беше пејачката Ирена Спасовска и нејзината поранешна љубов Орце Гелевски, кој во интервју за Убавина и здравје отворено проговори за нивната врска и откри дека причината за прекинот била неве рство од страна на пејачката, иако тој ја сакал и поради неа ја оставил сопругата и децата.

„Долго молчев на темава. Одлучив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина.

Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, ѝ се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност.

Но, ете, животот ме демантираше. Ова ми беше животна лекција, која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката.

Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема“, објави порталот Убавина и здравје, а истата изјава ја пренесоа и други портали.

По последните цитирања на изјавата на нејзиниот поранешен сопруг, Орце Гелевски, се огласи фолк пејачката Ирена Спасовска, која последниве години е особено актуелна во медиумскиот простор кај нас.

Таа во интервју за порталот кликниме, проговори за вистинските причини за разделбата со водителот Орце Гелевски.

-Г-ѓа Ирена, низ порталите повторно се врти статија за вас и вашиот бивши партнер Орце. Како реагирате на сево ова и колку има вистина во тоа што Орце изјавил – таа ме из невери, а јас оставив жена и деца за неа?

Ирена: Не не е вистина! Навистина е cpамота што после 4 години се отвара оваа тема. Порталите нека ме остават на мир бидејки ова не е фер. Не знам дали Орце изјавил така.

Изне верување, не секогаш е физичко, може да биде во очекувања, цел живот да бидеме заедно, но јас сум ставила крај на врската и со тоа се изневерени неговите очекувања.

И не,не се каам, бидејки според мене љувовта е “вечна” додека трае. Со текот на годините работите се менуваат и за ништо во животот нема гаранција.

Животот не доаѓа ниту со упатство за живеење ниту со гаранција за нешто. Башка тоа што јас бев слободна а тој беше иницијатор за врска иако беше во брак.

Според тоа, тој изневерил и најмалку има право да зборува за неверства..и ли пак ќе речам можеби неговите зборови се испревртени.

Значи вие категорично велите дека неверство немало од ваша страна?

Ирена -Јас категорично велам – доста ми е од портали и “светци и светици” што коментираат за мене или за други јавни личности а се многу далеку од тоа.

Истите тие живеат во формални бракови без трошка љубов,од итерес за пари или да не им се разруши комодитетот,или се плашат да останат сами,или заради децата.

Изневеруваат на секој чекор а и тие што не изневериле ако им се укаже прилика, веднаш би го направиле тоа во првата прилика. Но тие изигруваат “чесни” а од друга страна коментираат и судат за други.

А најчудно ми е тоа што откако пред четири години ставив крај на врската со Орце, јас немам помислено на човекот, а порталите и луѓето се заморуваат со мене и со минато свршено време.

Целото интервју на Ирена Спасовска, прочитајте го на Кликни ме со клик ТУКА.