Српската пејачка Анабела Буква ќе треба што е можно побрзо да ги замени силиконските импланти што ги вгради пред 20 години.
Пејачката веќе закажа операција на приватна клиника и одлучи да го стори тоа, откако случајно беше на преглед, при што на ултразвук се покажале одредени промени што бараат нова интервенција.
Вистина е, треба да одам на операција повторно… Закажав, но се разболев, пиев антибиотици, па морав да одложам додека оздравам. По скоро 20 години и две бремености градите ја изгубија формата и едниот имплант малку се поместил, не се вклопува како што треба, затоа се препорачува да ги заменам во следните три, четири месеци“, изјавила Анабела за српските медиуми, додавајќи: „Можеби ќе бидат малку поголеми, ништо драстично, но мислам дека тоа ќе го препуштам на лекарот на кој му верувам, бидејќи тој сè уште знае што е најдобро за мојата конституција. Сега имам тројка, а може да биде малку посилна тројка”.
Инаку, неодамна и нејзината ќерка Луна Ѓогани, која стана пејачка, вгради силикони.
Фото: Инстаграм