Некои истражувања покажуваат дека маските КН95 се поуспешни во заштитата од болеста, отколку обичните хируршки, но доколку се носат и чуваат правилно.
За разлика од хируршките маски, маската КН95 може да се носи повеќе од еднаш, но никој не знае точно колку време. На прашањето колку долго можете да ја носите и таа успешно да ве штити, Линси Мар, професорка на Универзитетот во Вирџинија, одговара дека ја носи една недела.
Материјалот на маската КН95 и способноста за филтрирање нема да се деградираат освен ако физички не ја триете или дупнете. Треба да бидете во навистина загаден воздух неколку дена пред маската да ја изгуби способноста да ги филтрира честичките. Така навистина можете да ги носите долго време.
Според друга теорија, 40 часа се доволно време за маската да штити откако ќе ги изгуби својствата, експертите велат дека ќе покаже дека и е дојден крајот: лентите ќе станат премногу лабави или може да се скинат пред да ја изгуби способноста за филтрирање.
Причината зошто маските КН95 се означени како за еднократна употреба е тоа што тие се категоризираат како медицински маски. Во споредба со платнените маски, правилно поставените КN95 подобро ги спречуваат малите честички да влезат во вашиот нос или уста благодарение на одредени материјали – како што се полипропиленските влакна – кои делуваат и како механичка и како електростатска бариера за заедничкиот воздух, примарен двигател на инфекција со болеста.
За повторно да ги користите маските КН95 што е можно побезбедно, избегнувајте да го допирате предниот надворешен дел од рамката кога ја ставате, наместо тоа обидете се да ја фатите за рабовите или лентите.
Извор: Република