По написите дека бремената свршеница го оставила, се огласи Дарко Лазиќ

ИЗВОРСкопје24
|

За разводот на Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се шпекулира од јануари минатата година, меѓутоа пејачот и пејачката се’ уште официјално не се разведени. Секој си тргна по својот пар, Ана има сериозна врска, додека Дарко чека син со свршеницата Марина Гагиќ.

Меѓутоа, медиумите „брујат“ дека оваа двојка е фатена заедно и без своите партнери, како и дека бремената свршеница го оставила Дарко поради бахатиот начин на живот…

Имено, се „шушка“ дека Дарко и Ана биле фатени во едно кафуле, а еве што се случило меѓу нив.

Дарко и Ана официјално се развеле тој ден, пејачот конечно ги потпишал документите за развод и се договориле за старателството над својата ќерка Лорена.

Точно е, Ана и јас се разведовме пред некој ден. Се ракувавме како луѓе и секој си замина по својот пат. Во одлични односи сме и ќе продолжиме да негуваме добри односи заради Лорена, изјавил Дарко за српски „Телеграф“.