По неа воздивнуваа и мажи и жени, а денес не личи на себе: Што се случи со лицето на убавицата?

ИЗВОРСкопје24
|

Драматичната промена ги подели корисниците на социјалните мрежи. Едни велат дека воопшто не личи на себе поради естетските корекции, додека останатите велат дека се во прашање само несреќни пози за фотографирање.

Американската русокоса убавица ја започна кариерата како модел, а во деведесетите години од минатиот век имаше и забележителни улоги во повеќе филмски наслови.

Дениз Ричардс (48) се омажи за актерот Чарли Шин (54) во 2002 година, по што се посвети на мајчинството. Парот се разведе четири години подоцна.

Годинава се врати во центарот на вниманието, откако стана дел од екипата на мошне популарното реално шоу „The Real Housewives of Beverly Hills“, како и сапунската опера „The Bold and the Beautiful“.

А, со враќањето пред камерите, започнаа гласините за физичката трансформација на актерката во јавноста. Таа се обиде да порекне дека во меѓувреме направила корекции на ликот.

„Смешно ми е што луѓето на социјалните мрежи коментираат дека сум имала многу пластични корекции. Секогаш сум била искрена и отворена по тоа прашање. Ги зголемив само град**е. Ако малку подобро погледнете, имам ист нос, исти усни. Не користам ботокс, ниту филери.“