По невремето се испумпува водата од пониските делови на Струмица

|

Моторите повторно се вклучија и испумпуваат вода од домовите во понискиот дел на Струмица. Краткото невреме со пороен дожд по третпат ги поплавува за десетина денови. Жителите се уморни, но и револтирани.

Градоначалникот Костадинов најави дека почнуваат со анализи за реконструкција на улицата. Вклучени се и експерти и институциитеза заедно да најдат решение кое ќе го спаси овој дел од Струмица од поплавување.

Сузана Мицева