Музичарот Драган Стојковиќ-Босанац излезе од болница и закрепнува во кругот на семејството.
Ќерката Џиџа постојано е до татка си, на кого е неопходен одмор по операцијата на срцето.
-Излезе од блоница, одлично се чувствува. Операцијата беше рутинска и се помина во најдобар ред – вели неговата ќерка.
Се очекува краткотрајно боледување, по што Босанац ќе се врати на своите обврски како член на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Стојковиќ е еден од најбараните, но и најскапите музичари кога се во прашање семејните веселби.
На социјалните мрежи се појави видео на кое тој свири на една свадба, а бакшишот кој го добил тешко дека може да се избори.
#Bosanac svira i uzima bakšiš #Bravo!
Gepostet von Muzika Sa Balkana am Dienstag, 29. Januar 2019
Бидејќи Босанац е дел од жирито во најгледаното шоу на нашите простори и тој се осврна да даде свој коменатар за скандалот кој ја тресеше неговата колешка Јелена Карлеуша.
Откако Марија Шерифовиќ одби да ја коментира оваа ситуација, новинарите го застанаа Драган Стојковиќ Босанац пред да влезе во студиото на „Гранд продукција“.
На прашањето на новинарот што мисли за скандалот со Карлеуша, тој даде одговори кој ги шокираше новинарите:
–Вие се забавувате околу п*****а на една пејачка, а државата пропаѓа, кратко прокоментира Босанац.