Во финалето на „Никогаш не е доцна“ оваа година победија повторно Македонци, односно Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов.
Во интервју за „Блиц“, Ленче проговори за победата и истакна дека не очекувала дека ќе победи.
Таа откри дека вишокот на килограми не се пречка за да успее.
„Не е важно како изгледаш, убаво е да изгледаш малку послабо. Но, кога не може, не може“ вели Ленче.
Таа истакна дека можеби ќе сними и дует со својот сопруг Горан Кукиќ, кој исто така победи во ова музичко шоу.
„Може да направиме дует и во слабеење и во пеење“ истакна Кукиќ.