Победничката на „Задруга 2“ Луна Џогани по излегувањето од реалното шоу не додржа и веднаш се упати кон нашата земја за да започне нов чекор во својот живот.
Имено таа на својот Инстаграм профил се пофали дека отпатувала во Скопје и тоа во студиото на Дарко Димитров за да ја сними својата прва песна.
-Драги мој, денес ми е еден од деновите за паметење. Наскоро со вас ќе го споделам, напиша Луна на својот Инстаграм профил.
Освен тоа фотографија од студиото сподели и Дарко Димитров кој напиша дека е време за во студио, погледнете.
Инаку претходно во истото студио двете свои песни ги сними и Анастасија Ражнатовиќ.