|
Откако силниот дожд вчера ги поплави улиците и домовите на дел од граѓаните, серија послаби земјотреси ги вознемирија во вечерните часови.
Имено, три земјотреси со јачина од 2,2 до 2,7 степени по Рихтер вчера беа регистирирани во Македонија, а според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е помеѓу Тетово и Гостивар.
Земјотресите ги почувствувале само граѓаните кои живеат во повисоките згради.
Сеизмолозите информираат дека се работи за вообичаена сеизмолошка активност и граѓаните не треба да се грижат, додека тие веднаш ситуацијата ја поврзаа со вчерашните обилни дождови и поплави.
Западниот дел од земјата како и неколку други делови викендов беа погодени од невообичаено невреме, проследено со многу обилни дождови и град.