По поразот на Манчестер, Роналдо скрши мобилен на аутистично дете (ВИДЕО)

|

Најголемата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо по поразот на на неговиот тим, додека одеше кон соблекувалната, направи вистински скандал откако уд ри по рака аутистично дете и притоа му го скрши телефонот.

Полицијата почнала истрага за целиот случај на „Гудисон парк“, по што ќе биде побарана изјава од Роналдо, а засега не е познато дали мајката ќе поднесе тужба против португалскиот фудбалер, иако има шпекулации за такво нешто.

Имено, момчето ги снимало сите играчи на Јунајтед додека одат кон соблекувалната, исто како и многу фанови околу него, но Роналдо без никаква причина му го турна телефонот и го шокираше со потегот, кој е снимен и на камера.

Португалскиот фудбалер, очигледно бесен од поразот, го видел мобилниот телефон и го уд рил момчето по раката со која го држел. Мобилниот телефон паднал на подот и се скршил, оставајќи го момчето со модринка на раката и десетици шокирани обожаватели околу него, јавуваат медиумите.

Мајката на момчето веднаш по средбата дала изјава за „Liverpool Echo“, откривајќи дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па како сувенир снимил сè околу него.

По ова, Роналдо се извини на социјалните мрежи.

-Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј, напишал Роналдо на Инстаграм.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.