ПО ПОСЛЕДНА МОДА: Марјана Станојковска ја скрати косата (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Најпознатата лото девојка на нашите простори, како и водителка, Марјана Станојковска важи за девојка со свој изграден стил. Таа секогаш и секаде изгледа средено и дотерано.

Овојпат на големо изнeнадување на нејзините фанови, Марјана ја скрати препознатливата долга коса, и сега има кратка боб фризура.

Инаку, ТВ водителката пред неколку дена го прослави и својот роденден, но на малку необичен начин.

Датумот кога е родена 05. април, се погоди во ден кога е поканета како гостинка на свадба, па прославата беше две во едно.

Имено, Марјана за својот 34-ти роденден беше на свадба кај својот партнер од танцовото шоу „Танц со ѕвездите“, Илија Карадаковски кој се ожени со својата сакана Симона Веселиновска.

За разлика од минатите години кога знаеше да организира приватна забава за другарките во бикини и со коктели, овој роденден за Марјана помина без помпа, но со забава каде беа присутни многу луѓе кои ја славеа љубовта.

Ако судиме по тоа дека својот ден го прослави во име на љубовта, веруваме дека така ќе и тргне 34-та, па и таа ќе стапне на лудиот камен исто како и својот партнер за танц.

Видео од забавата погледнете ТУКА.