По пожарот во Тетово, се огласи и полицијата: Упати важен апел до граѓаните да останат дома

|

Нема пов редени лица во пожарот кој утринава избувна во поранешната фабрика „Македонија Табак“, се првичните информации од полицијата.

Во 09.30 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“ во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Служби на СВР Тетово веќе се испратени на местото на пожарот и ги преземаат сите неопходни мерки.

СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.

Инаку како што објави 4News неколку лица се зад ушиле по пожарот кој рано утрово избувна во поранешниот тутунски комбинат во Тетово, информираа официјалните лица.

„Секторот за образование ги ослободи сите ученици, наставата е во прекин. Апел до сите граѓани да останат дома и доколку немаат итна работа да не излегуваат надвор. Не дека во моментов е опа сно, но да видиме како ќе се развива состојбата“

На нив итно им е укажана лекарна помош и во моментов се во добра здравствена состојба.