По пријава на граѓани, пајак службата му го “однесе” Ферарито на Перо Антиќ

|

На Фејсбук страницата “Ѕид на сообраќајниот срам” денеска се најде фотографија од скапото Ферари на поранешниот кошаркар и претседател на КФМ, Перо Антиќ.

Автомобилот кој бил непрописно паркиран, по реакции од граѓаните бил отстранет од страна на пајак службата на ЈП Паркинзи Центар, а набргу со коментар се огласи и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој постираше и фотографии како пајак го собира возилото на Антиќ.

Ова не е првпат да се објавуваат фотографии од непрописно паркираните луксузни автомобили на поранешниот кошаркар.

Претходно во август, граѓани на Твитер објавуваа дека тој во близина на просториите на КФМ често непрописно се паркира, а според лица кои често се движат во тој дел од градот, Антиќ по реакцијата прекинал да го паркира својот џип на таа локација.