Пејачката Деми Ловато во последните години е во центарот на вниманието поради сè освен нејзината музика.
Таа се најде во центарот на вниманието на јавноста поради турбулентниот приватен живот.
Токму кога бурата околу тоа стивна, Деми повторно ја изненади јавноста признавајќи дека е небинарна личност. Таа доби поддршка, но јавноста набрзо се загрижи за нејзината состојба.
Имено, пејачката тогаш изјавила дека би била во емотивна врска со вонземјанин, а терминот вонземјани е „навредлив“.
„Мислам дека треба да престанеме да ги нарекуваме вонземјани бидејќи тоа е навредлив термин за секого“, рече Ловато.
Сега таа реши драстично да го промени својот изглед, па ја избричи главата, а на Инстаграм сподели видео на кое го прикажува нејзиниот нов изглед.
Многумина се прашуваат дали ова е само уште еден начин за привлекување внимание или е само желба за промена.