По Роберт Патинсон, Кијану Ривс ќе биде новиот Бетмен (ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Киану Ривс е еден од најомилените актери во Холивуд, па многумина се радуваат кога ќе слушнат дека харизматичниот актер ќе игра нова главна улога. Така е и сега, бидејќи Киану ќе го добие гласот на Бетмен во новиот анимиран филм на DC.

Во новиот трејлер, DC потврди дека Кијану Ривс ќе му даде глас на Бетмен во „DC League of Super-Pets“, анимирана комедија за миленичињата на Супермен и Бетмен, кои ги имаат истите моќи како овие суперхерои.

Покрај Ривс, во овој проект ќе учествува и Двејн Џонсон, кој ќе биде гласот на Cryptо, кучето на Супермен, како и Џон Красински, кој ќе го игра Супермен.

Овој анимиран филм треба да започне да се прикажува во мај 2022 година, па така филмовите за Бетмен дефинитивно ќе ја одбележат годината, бидејќи пред неколку дена беше премиерата на филмот за Бетмен, во кој главната улога ја толкуваше Роберт Патинсон.

Новиот „Бетмен“ веќе е окарактеризиран како најтемниот филм за овој суперхерој досега. Филмот со денови привлекува големо внимание на публиката, а Роберт Патинсон откри дека поради оваа улога бил на посебна диета, како и дека внимавал на количината на вода што ја пие во текот на денот.

Нема сомнеж дека и анимираната верзија на Бетмен ќе биде многу популарна, а трејлерот можете да го погледнете во продолжение.