На 13.09.2023 во 16.00 часот во СВР Скопје, К.А.(47) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од М.А.(56) од с.Арачиново, кој бил со Н.А., по што му се заканиле со тврди предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Денеска (14.09.2023), пак, во 12.20 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(20) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.