ПО СТУДЕНИОТ ФРОНТ – ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ПРОДОР НА ТОПОЛ ВОЗДУХ ОД ЈУГ И НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ!

|

По студениот фронт кој од север се спушти и помина над нашата држава синоќа, и истиот услови нагло заладување на времето и снежни врнежи и тоа особено во западните предели и формирање на нова снежна покривка, веќе од утре па натаму и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди.

Исклучок ќе биде утрешниот ден кога локално сеуште ќе има нешто повеќе облачност, а Долж Повардарието ќе дува и засилен ветер од северозападен правец.

Температурите во следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, со што ќе дојде до топење на снежната покривка таму каде што ја има. Сепак наутро останува студено, и тоа особено утре изутрина кога речиси насекаде ќе имаме негативни температури, а потоа и минималните утрински температури ќе бележат тенденција на пораст.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО и постабилно време со сончеви периоди. Максималните температури ќе бележат тенденција на поголем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 13 степени, додека наутро температурите ќе се спуштаат за некој степен под нулата.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тукаМожете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki