По три илјади денари за секое запишано прваче во охридските училишта

ИЗВОРТелма
|

Според денешната седница на општинскиот Совет ќе следува по три илјади денари за секое прваче во основните училишта на територија на Охрид и мерки за поддршка на ученици и студенти.

Советниците едногласно го донесоа програмскиот документ во кој предвидени се препораки за видовите, критериумите, висината и начинот на спроведување постапки за финансиска поддршка од средствата предвидени во буџетот на општина Охрид.

Се предвидуваат стипендии за ученици во општинските основни и средни училишта и за студенти, како и ново воведена категорија студентски стипендии за дефицитарни кадри на територијата на Општина Охрид.

– Воведуваме образовен додаток од по 6.000 денари, мерка која еднократно ќе се додели на најмногу 120 ученици. Продолжуваме со доделување стипендии на лицата со ретки болести и посебни образовни потреби, продолжен претстој за учениците во групи, информира Перчо Божиноски.

Новитет е и воведувањето парична награда по 10.000 денари за секој првенец на генерација во основните и средните училишта, како и парична награда за ученици и нивните ментори кои ќе освојат награди на натпревари.