По Велигден следи уште еден споен викенд

ИЗВОРСкопје24
|

По продолжениот викенд за Велигден и Први Мај кој го добивме за одмор, следат уште неработни денови.

Ден на сесловенските просветители, е на 24 мај в петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е в недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е в петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е в недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.

Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ: 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба, 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед: 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероиспове: 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (четврток), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.